Спорт

Вардар ја пречекува Војводина во натпревар од СЕХА лигата

Ракометарите на Вардар попладнево од 17:30 во меч од 9-тото коло во СЕХА лигата го пречекуваат тимот на Војводина.

05.12.2017 12:17:48

Бранителот на трофејот во регионалното натпреварување е апсолутен фаворит и има голема шанса да ја продолжи триумфалната низа од 20 натпревари без да ја почувствува горчината на поразот.

"После одличните резултати во ЛШ, сега е време за СЕХА. Ние сме фаворити против Војводина и треба да се однесуваме како шампиони на секој меч, без разлика на ривалот. На секој меч треба да одиме на победа. Се надевам дека од почеток ќе направиме добра разлика за да биде полесно, и да се подготвиме за следните натпревари", изјави на вчерашната прес конференција Мијајло Марсениќ.

Нашиот втор претставник во СЕХА, Металург утре му гостува на Целје, а натпреварот почнува во 19 часот.