Спорт

Трето коло на СП во ракомет во женска конкуренција

По еднодневна пауза продолжуваат натпреварите на Светското првенство во ракомет во женска конкуренција што се одржува во Германија.

05.12.2017 12:13:00

Во третото коло од А групата се среќаваат Словенија - Ангола, Франција - Парагвај и Романија - Шпанија.

Унгарија - Аргентина, Шведска - Чешка и Норвешка - Полска се двојките во Б конкуренцијата.

Во Ц групата Црна Гора за противник ја има Јапонија, Русија се соочува со Бразил додека Данска игра против Тунис.

И во Д конкуренцијата на програмата се мечевите Јужна Кореа - Кина, Холандија - Камерун и Германија - Србија.