Спорт

Почнува завршната битка за влез во елиминациското коло во ЛШ

Вечерва се играат дуелите од последното коло во А - Д сегментот од Лигата на шампионите.

05.12.2017 12:10:44

Базел и гостува на Бенфика и со триумф ќе обезбеди пласман во елиминациската фаза од елитното натпреварување, а за место во следната фаза директно решаваат Манчестер Јунајтед и московска ЦСКА.

 Баерн и Пари Сен Жермен се сигурни на првите две позиции во Б конкуренцијата, но доколку Баварците сакаат да го освојат првото место потребно е на гостинот од Франција да му се реваншираат за убедливиот пораз од 3:0 во првото соочување.

Во вториот меч се среќаваат Селтик и Андерлехт. Во Ц групата Челзи е сигурно прв, но Атлетико Мадрид ќе атакува на трите бода за се пласира на второто место, но за продолжување на настапите во шампионската лига покрај триумф на Стемфорд Бриџ потребно е и Карабах да направи сензација на Олимпико и да триумфира во мечот против Рома.

 Во Д конкуренцијата Барселона го пречекува Спортинг од Лисабон, а Јувентус му гостува на Олимпијакос.

Каталонците се сигурни околу пласманот во следната рунда и им е потребен најмалку бод за да го освојат првото место додека Старата дама на гостувањето во Атина сама решава за продолжување на настапите во елитното натпреварување.