Економија

Вработените во „Фени“ со транспортерите го блокираа патот Градско- Прилеп

Нови протести на работниците од комбинатот ФЕНИ, кој пред неколку дена замина во стечај.

04.12.2017 18:25:52
Нови протести на работниците од комбинатот ФЕНИ, кој пред неколку дена замина во стечај. Вработените со масовно присуство точно на пладне го блокираа патот Градско-Прилеп.

Тие протестираа поради две неисплатени плати,а на протестот им се приклучија и транспортерите кои превезувале руда за кавадаречкиот комбинат,на кои не им е платено од месец март.

Претседателот на Синдикатот Ѓоре Палитов рече дека платите им биле ветени веднаш по отворањето на сречајната постапка, но до денеска не ги добиле парите. Тој информираше дека протестите ќе продолжат се до исполнување на барањата.

Транспортерите кои беа присутни во огромен број нагласија дека ќе ги бараат своите пари од банките кои како доверители побарале стечај и најавија дека следниот протест ќе бидат во уште поголем број се додека не им се исплатат парите.Вработените од комбинатот ФЕНИ најавија уште поголеми и помасовни протести се додека не им се исплатат заостанатите плати.