Македонија

Ако нема партиски повик, нема протести ниту за воздухот

Горан Ропи е татко на три деца и загрижен битолчанец поради аерозагадувањето што го напаѓа здравјето на битолчани, а најмногу на децата.

02.12.2017 21:02:57
 Горан Ропи е татко на три деца и загрижен битолчанец поради аерозагадувањето што го напаѓа здравјето на битолчани, а најмногу на децата. Тој постојано преку социјалните страници повикува на протести за конкретно решение на овој најгорлив проблем во конзулскиот град, како еден од најзагадените во Европа, со десетструко натфрлување на дозволените граници за присуство на ПМ - 10 честички. Него, не го интересираат ниту партии ниту здруженија, а вечерва доби поддршка само од десеттина граѓани. Да не беше жално, ќе беше смешно.

-Нашите деца се трујат бидејќи во исто време се случуваат препукувања помеѓу партиите, па биле на власт, па небиле, па излегувале на протест, па организирале протест и не знам веќе што да набројам. Значи, проблемот е што финално можам да кажам дека нашите деца се орруени- рече загрижениот родител Горан Ропи.

Главните активисти на здружението ``За нас се работи`` , Балтовски и Груевски, кои сега соработуваат со власта за институционално решение на еколошките проблеми, вечерва се појавија, но изјави пред камера не сакаа да дадат иако фромално  велат дека го поддржуваат Ропи. Сепак, оваа слика само покажува дека само партиско- политички импулси можат да ја разбијат грдата слика за безуспешниот протест. Или можеби не, кој знае? Графитот на Широк сокак, се добива впечаток дека ги содржи сите одговори.

-Овој графит сам по себе кажува што треба битолчани да направат, наспроти индифирентноста што владее кај најголемиот број на граѓани во овој град. Но, ПМ- 10 честиците не треба да бидат само поединечни иницијативи, а уште помалку, битолчани во целост да ги игнорираат. 



 Петар Стефановски
 

protest

Од: marinela

Време: 12.12.2017 21:55:18

Коментар: seedno koja mu e celta sto protestira, am spored mene, ova e primer za gragjanski aktivizam, kolku i da sakame da se pravime budali. site srgumenti se na negova strana. so seir ne biva rabota, nitu se resava aerozagaduvanjeto.

smog i drva

Од: mersim

Време: 04.12.2017 16:07:08

Коментар: Greenjeto vo Bitola e rak- rana, a site interesdzii vasiot novinar kulturno gi posoci.

vozduh

Од: marin

Време: 03.12.2017 11:18:03

Коментар: Poucno i vistinito. problemot e lociran na vistinsko mesto i na vistinski nacin. Tazno i smesno, oti licnite interesi se pogolemi, kolku i da se sostojbite zagrizuvacki. Ropi izleguva deka e bitolskiot Don Kihot.