Култура

Саем на образованието во Битола

Денешниот саем на образованието што го организираа Битолскиот универзитет, Амбасадата на САД и Америчкото катче во Битола на Техничкиот факултет, ги дадоа одговорите на голем број заинтересирани студенти.

30.11.2017 15:09:31
Кои се и какви се можностите на младите од Битола и Регионот за нивно  доусовршување и соочување со странските образовни искуства? Денешниот саем на образованието што го организираа Битолскиот универзитет, Амбасадата на САД и Америчкото катче во Битола на Техничкиот факултет, ги дадоа одговорите на голем број заинтересирани студенти. Според денешниот покажан интерес, најчести посетители беа високообразовните кадри од егзактните науки, сите заинтересирани за меѓународни проекти.

-Целта на овој саем е запознавање на младите луѓе од Битола и поширокиот регионза можностите за нивно учество во различни меѓународни програми и проекти- рече професор д-р Елизабета Бахтевска, проректор за настава на УКЛО.

Претставниците на Американската амбасада велат дека огромна е понудата на голем број програми за млади од 16 години па натаму, за студенти, постдипломци и други образовни профили.

-Она што е типично за американската економија и за американското високо образование  е што нудат разнолик на тип на програми и на додипломски и на постдипломски студии. Ги поттикнувам младите да не размислуваат само за додипломски студии, туку и за постдипломски, каде што можностите за стипендирање се многу подобри- рече Бен Лингеман, советник во амбсадата на УСА.

Во доменот на меѓународната соработка и размена на образовни искуства, Битолскиот универзитет има склучено над 60 билатерални договори со универзитети од Европа и светот, како и над 90 Еразмус + програми за мобилност во студирањето. Сепак, најголеми шанси имаат  студентите и другите образовни кадри со покажан референтен  успех, како информатичари и инженери.


Петар Стефановски