Црна хроника

73- годишен велосипедист почина во сообраќајка

73- годишен жител на гостиварското село Чајле починал утрово на скопските клиники откако синоќа бил удрен од возило додека се движел на својот велосипед.

26.11.2017 18:02:54
 73- годишен жител на гостиварското село Чајле починал утрово на скопските клиники откако синоќа бил удрен од возило додека се движел на својот велосипед.

По несреќата велосипедистот со такси возило бил пренесен во гостиварската општа болница, каде му биле констатирани лесни телесно повреди. Но, тој посочил дека не се чувствува добро и бил задржан на лекување. Подоцна здравствената состојба му се влошила и откако паднал во бессознание итно бил пренесен во Скопје, каде утрово починал.

Полицијата извршила увид,а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. По добивањето на резултатите ќе се знаат и причините за смртта, односно дали тој починал како последица на ударот од возилото, или пак, се работи за некој друг здравствен проблем.

Милена Вуческа