Црна хроника

Пукање во Чаир - еден убиен, еден повреден

Еден загинат и еден тешко повреден во крвава оружена престрелка во Чаир што се случи синоќа пред 23 часот.

25.11.2017 14:26:39
Еден загинат и еден тешко повреден во крвава оружена престрелка во Чаир што се случи синоќа пред 23 часот.

Според неофицијални информации, во жртвите било пукано од автоматско оружје. Загинатиот имал 35, а повредениот 52 години. Тој е префрлен во Градската болница е во тешка состојба.

Од МВР засега нема никакви информации. На прашањето на Алфа што се презема за расчистување на случајот и дали има осомничени ни беше одговорено да почекаме да излезе редовниот полициски билтен кој се уште не е објавен.

Во отсуство на официјални информации почнаа да се шират различни верзии за случката. Дел од медиумите на албански јазик објавија дека убиениот е Исмет Арифи викан Кокаод село Блаце, а повредениот е Ќемал Лусјани  кој живеел недалеку од местото на инцидентот. Според пишувањата на интернет портали престрелката се случила помеѓу две спротивставени групи кои имале нерасчистени сметки помеѓу себе, но и дека убиениот и повредениот биле активисти за СДСМ во кампањата, а оние кои пукаа во нив биле приврзаници на ДУИ. Се шпекулира дека по коалицирањето на СДСМ и ДУИ се судруваат банди блиски до нив во населените места каде криминалот владее низ улиците.

Оваа крвава престрелка е само последна во низата нерасчистени сериозни инциденти изминативе неколку месеци.

Убиецот на младиот Мартин Јанушев се уште е во бегство, нема осомничени или приведени за пукањето во воздух за време на изборната прослава на ДУИ, како ни за повеќе случаи на пукање од автомобил во движење.