Црна хроника

Убиство во Гевгелија - го претепале па го фрлиле на нива

Банална расправија за мобилен телефон е мотивот за ладнокрвното убиство, открила истрагата.

22.11.2017 15:06:18
Го претепал до смрт, а потоа со другарот телото на убиениот го фрлиле во близина на касарната во Гевгелија. 

Струмичкото јавно обвинителство и полицијата ја расветлија мистеријата околу безживотно тело на маж кое вчера утрината беше најдено на улица. Обвинителството кривично гони двајца гевгеличани едниот  31 годишник е осомничен дека го извршил убиството, додека вториот  12 години постар од него му помогнал да го убијат 41 годишниот сограѓанин. 

Банална расправија за мобилен телефон е мотивот за ладнокрвното убиство, открила истрагата. Осомничените со убиениот биле пријатели, критичната ноќ прво пиеле ракија во домот на еден од обвинетите, а потоа почнала расправија меѓу убиениот и неговата жртва за наводна кражба на мобилен телефон. 

Осомничениот за убиството прво почнал да ја тепа жртвата по лицето,а потоа продолжил да го удира со тупаници во главата. Го претепал до смрт. Двајцата осомничени телото на убиениот прво го преместиле во друга просторија, потоа го фрлиле надвор. 

Откако се ослободиле од телото, еден од осомничените свесно почнал да ги чисти трагите од злосторот. Двајцата гевгеличани се во притвор. Јавното обвинителство ги гони за убиство. 



Катерина Гетева