Македонија

Помалите етнички партии бараат еднакви права со Албанците

Помалите етнички заедници уште пред локалните избори најавија излегување од Владината коалиција, ако ДУИ и СДСМ ја преминат границата со законот за јазиците. Со овој закон и тие очекуваат бенефит, а не само Албанците, ќе реагираат на соодветен начин

18.11.2017 17:53:32
  Помалите етнички заедници уште пред локалните избори најавија излегување од Владината коалиција, ако ДУИ и СДСМ ја преминат границата со законот за јазиците. Со овој закон и тие очекуваат бенефит, а не само Албанците, ќе реагираат на соодветен начин ако ситуацијата премине во друга димензија од приложеното. Па додека власта почна да стои на стаклени нозе, нивните партнери од помалите етнички заедници најавија повторување на 2008, кога Партијата движење на Турците излезе од Владината коалиција. 

 Аднан Ќахил министер без ресор – Во даден момент ако ДУИ или други,  дојде во ситуација да стварно отиде до бескрај со биполарност, што не верувам во таа работа, ќе видите ние ќе реагираме на соодветен начин. Како претседател на партија на движење на Турците во Македонија, како министер јас ќе си реагирам, како што реагирав 2008 година. Јас само излегов од коалиција. 

 Самка Ибраимов министер без ресор – Како што рече министерот Аднан. Доколку гледаме дека се оди кон некоја друга ситуација, ќе реагираме како другите етнички заедници. Јас знам дека со ова ќе добијат и другите помали етнички заедници. 

 Министерот без ресор Самка Ибраимовски денес повторно изрази уверување дека со донесување на законот за јазиците  ќе имаат бенефит и помалите етнички заедници иако законот за јазиците кој ќе обезбеди поголема инклузија на Албанците, никаде не ги спомнуваа Турците Ромите Србите, Бошњаците и останатите помали етнички заедници.

Самка Ибраимовски– Јас знам дека Законот за јазиците и ние имаме тука интерес како етничка заедница и сметам дека се е во ред со тој закон. Ниедна заедница не е оштетена во тој дел и што е многу битно сметам дека нема промени ниту на Уставот на Република Македонија

 Ибраимовски смета и дека ниедна заедница не е оштетена со законот а дека предложеното законско решение произлегува од Рамковниот договор, кое, според него, никој немал храброст да го спроведе.

 

Ili pravda ili -????

Од: Etn.Makedonec

Време: 18.11.2017 20:35:13

Коментар: Sega site slozno;; Samo sakame poshtuvanje na site Etnichki Zaednici..A ne samo onie shto mu Zapadot dal sekakvi sili i zakoni-po nivna potreba da si pravaat shto sakaat vo Makedonija..?? Pa duri koj ne uchel Albanski-kazna..??? Apak onie vo Kochani ,,Palanka,,berovo,,Delchevo-Tie ke pobaraat,BugarskoMakedonski..???

INTERNACIONALEN-ZAKONODAVEC

Од: ISTORICHAR

Време: 18.11.2017 20:13:44

Коментар: Vaka;; Nie vie site Etnichki zaednici-Organizacii=se Makedonci.....Zatoa site imame pravo ,dago sproveduvame i posttuvame Ramkoviot dogovor-toj vazi za site (Etnicki Mannjini) Makedonci...Ne samo Albancite ke baraat Knigite,,Ulici menvanje,shkoli Ustanovi,izednachuvanje na jazikot--shto mislite bre=sega treba ushte 5-jazici da dodademe + Albanskiot..?? Nemozish sega na Albancite da mu daish site privilegii ,a na drugite nacionalni Manjini ne..?? Polako bre-Turcite najpoveke se bunaat bre.