Македонија

Евроамбасадорот Самуел Жбогар негира дека ЕУ врши притисок за промена на името

ЕУ демантира дека врши притисок за решение за прашањето на името. Амбасадорот Самуел Жбогар надева оти наскоро Македонија и Грција ќе најдат заедничко решение.

17.11.2017 17:48:26
Медијаторот Метју Нимиц и официјално најави дека средба за името ќе има, и таа ќе биде во Брисел на 11-ти и 12-ти декември. Без образложение, зошто првонајавената се одложи. 

Во меѓувреме, Европската Унија демантира дека врши притисок за брзо решение за прашањето на името. Амбасадорот Самуел Жбогар вели се надевал оти многу наскоро Македонија и Грција ќе најдат заедничко решение и ќе се стави крај на долгогодишниот проблем.

Во однос на можноста меѓународната заедница да изврши притисок врз Грција да дозволи влез на Македонија во НАТО под привремената референца, амбасадорот истакна дека секогаш е подобро прашањата да се решаваат преку дијалог на задоволство на двете страни..

Треба сериозно да се пристапи кон решавање на прашањето за името, иако генерално гледано - нема некој голем просперитет од Унијата, сметаат познавачите на состојбите. Борче Грозданов и Борис Дамовски во емисијата Ѕид велат дека Македонија е библиска земја и таква ќе остане. 

Истовремено, грчките медиуми наголемо јавно лицитираат со можни решенијa за името на нашата земја, и тоа со сложенки кои во себе воопшто и не го соддржат зборот Макеоднија.

Борис Грујоски
 

Dijalog

Од: http://adiblogmk.com

Време: 17.11.2017 22:41:59

Коментар: dijlog kade dvete strani ce bidat zadovolni pa gi prashuvam Makedoncite dali se zadovolni da se vikaat centralna balkanska republika i po nacionalnost da se balkanci