Македонија

Прераспределбата на Панчевски: реваншизам или порака до другите судии да соработуваат со Јанева?

Дали прераспределувањето на екс-претседателот на Кривичен суд Панчевски, од страна на новиот претседател Џолев, во одделот за прекршоци, со образложение дека се конфронтирал со СЈО, не е порака, односно своевиден притисок до останатите судии, да вни

17.11.2017 17:48:35
Дали прераспределувањето на екс-претседателот на Кривичен суд Панчевски од страна на новиот претседател Џолев, во одделот за прекршоци, со образложение дека се конфронтирал со СЈО, не е порака, односно своевиден притисок  до останатите судии, да внимаваат како се однесуваат кон Јанева и нејзиниот тим? Ако судија, во случајот Панчевски, е тргнат од позиција заради пристрасност, дали и носителот на одлуката, посочувајќи го односот кон СЈО, и самиот не демонстрира извесна пристрасност?

Адвокатот и нотар Лорија Ваневска, која во моментов работи во Куманово, вели дека времето ќе покаже дали Џолев навивачки ја донел одлуката за Панчевски, зависно од тоа какви чекори ќе продолжи да влече. Потенцира дека судиите, обвинителите, адвокатите се различни страни на постапката, па оттука судиите не смеат да заземаат страна.

-Времето ќе покаже дали Џолев е пристрасен или не, ќе видиме како ќе се однесува со останатите судии. Во секој случај тој треба да води најмногу сметка за она што се случува во судот. Но без разлика на се, секоја страна во постапката треба да се однесува непристрасно и да работи според Уставот и законите, без разлика дали е судија, обвинител, и слично, вели  Ваневска. 

Дел од правниците на социјалните мрежи пишуваат дека било доволно Панчевски само да биде тргнат од предметите што ги покрена СЈО но не и да биде ставен во одделот за прекршоци. За некои медиуми Џолев кажа дека не е реваншизам прераспределбата на Панчевски, ами дека овој оддел има потреба од судии заради бројноста на предметите.

Неодамна Панчевски за Алфа отворено проговори дека е сигурен оти целиот процес против него е почеток на, како што рече, чистката на неподобните судии.

Во исто време со прераспределувањето на Панчевски, Владата предложи Јанева да биде потполно независна во бирањето и определувањето на заштитени сведоци. Иако нејзиниот мандат за покренување обвиненија е истечен, СЈО и натаму води предистражни постапки. Засега никој јавно не одговара дали ова обвинителство ќе биде дел од државното.    

 Искра Коровешововска