Македонија

Да и помогнеме на малата Валерија - донации на 070 143 117 и 077 143 480

Малата Валерија Зафировска од Штип која боледува од тумор на мозокот успеа на нозе да го крене својот роден град но и целата држава.

14.11.2017 19:04:03
 Малата Валерија Зафировска од Штип која боледува од тумор на мозокот успеа на нозе да го крене својот роден град но и целата држава. Нејзините родители Марина и Зафир се надеваат дека ќе  ги соберат потребните 40.000 евра и до крајот на месецот  ќе заминат на операција во Истанбул, Турција каде што ќе ја оперира еден од десетте најпознати детски неврохирурзи. Времето е кратко, а туморот агресивно расте, апелираат ропдителите.

Како кула од карти светот на семејството Зафировски се срушил на 4 октомври кога лекарите конечно успеале да ја постават точната дијагнозата на седумгодишното девојче.

Се започнало минатото лето кога девојчето после тенис се пожалило на главоболки, болки во желудникот и нагони на повраќање. Иако симптомите се појавувале еднаш на три месеци, родителите се загрижиле. По првичниот преглед детски невролог дијагностицирал детска мигрена, но со препорака да се направи снимање на главата. Магнетната резонанса го потврдила најлошото. Седумгодишното девојче боледува од тумор на мозокот.
Веќе три дена во Штип и целата држава се организираат хуманитарни акции. Во борбата да се спаси детскиот живот се вклучени сите.

Утре до Фондот за здравство Марина и Зафир ќе ја достават  потребната документација. Со соопштение денес се обрати и Фондот во кое се посочува дека осигуреното лице не располага со конзилијарно мислење од соодветна македонска институција. Иако немат добиено барање за лекување во странство за малата Валерија тие веќе закажале состанок со стручни лица кои ќе го дадат својот наод и стручно мислење.

Во меѓувреме веќе се отворени и телефонски линии на двата мобилни оператори    070 143 117 и 078 143 480  на кои со едно јавување може да се донират парични средства во висина од 100 денари.


Александра Ристевска