Македонија

Втор ден тензична дебата за јазикот

Собраниското мнозинство жестоко го брани предлог - законот кој е резултат на коалициските пазарења.

14.11.2017 18:28:37
Дозволивме да сме заробеници на проценти и бројки, а на сметка на тоа страдаат правата на мајчин јазик на помалку бројните етнички заедници во државата, настрана албанската, поентираше опозицијата денеска на вториот ден од продолжение на собраниската расправа за јазикот. Емил Димитриев порача дека неопходно да се надгради законскиот текст со елементи во полза на едно мултиетничко граѓанско општество.  Пратениците од власта веднаш со контрареплика- за бројките и процентите било виновно ВМРО ДПМНЕ.

Горан Манојловски од ВМРО ДПМНЕ нагласи дека законот само ќе го продлабочи јазот меѓу Македонците и Албанците, посочувајќи ги како пример 31 раководна позиција во Тетово каде нема ниту еден Македонец. Му реплицираше Адеми од ДУИ – тоа не било точно.

До крајот на неделата се очекува дебатата да заврши, по што ќе следи амандманската расправа.  

Искра Коровешовска