Свет

РТ регистрирана како „странски агент“ во САД

Медиум да мора да се регистрира како „странски агент“. Не се работи за Кина, Иран или Саудиска Арабија, туку за Соединетите Американски Држави, чии институции поради наводно мешање во изборите како што го нарекоа, „режимско гласило на Москва“ се реши

14.11.2017 15:31:46
Медиум да мора да се регистрира како „странски агент“. Не се работи за Кина, Иран или Саудиска Арабија, туку за Соединетите Американски Држави, чии институции поради наводно мешање во изборите како што го нарекоа, „режимско гласило на Москва“ се решија да ја притиснат „Раша Тудеј“ да се регистрира како „странски агент“. 

Професори по журнализам, правници и експерти го сметаат ова за сериозен удар по слободата на говорот. Главната и одговорна уредничка на Раша Тудеј Америка, изјави дека телевизијата била принудена да ја прифати уцената, затоа што во спротивно, американското Министерство за правда ќе покренело кривична постапка. За Маргарита Симонјан, ова е директен удар врз медиумот...

-„Само замислете, работите во медиум и треба да се потпишете се што правите како „странски агент“ или продуцирано како „странски агент“. Какво е чувството за било кој медиум, за интервјуа што ги правите, да бидете така декларирани за институциите и министерствата. Ова не може да биде наречено работење. Овие услови се наменети за да не уништат како медиум“, изјави главниот и одговорен уредник на РТ Америка, Маргарита Симонјан за Ал Џезира.      

Откако денеска и официјално беше принудена да ја регистрира телевизијата како „странски агент“, Симонјан на својот Твитер профил ја објави информацијата. „Меѓу кривичниот случај и регистрација, го избравме ова второто. И честитаме на американската слобода на говор и на сите што уште веруваат во тоа“, напиша Симојан на Твитер.

Од Стејт Департментот велат дека ова не влијаело врз содржинскиот дел на медиумот... 

-„Кога Соединетите Држави ќе му речат на некого да сер регистрира како странски агент, не влијаеме врз нив или нивната можност да „известуваат“ вести и информации...“, изјави портпаролот на Стејт Департментот, Хедер Ноерт.

Во меѓувреме, руската Дума подготвува реципроцитетни мерки. Си-Ен-Ен, Радио Слободна Европа, Дојче Веле, Би-Би-Си, Ројтерс најверојатно ќе бидат прогласени за „странски агенти“ во Руската Федерација, со што ќе бидат принудени да поднесуваат целосни информации за своето финансирање и за вработените на официјална Москва. Предлог-законот веќе е во изработка, а се очекува да биде изгласан во најбрз можен рок.



Андреј Василевски