Македонија

Банките не се откажуваат - бараат стечај за ФЕНИ

Одлагањето за стечајната постапка за ФЕНИ им оди на штета на вработените

14.11.2017 15:23:34
Одлагањето за стечајната постапка за ФЕНИ им оди на штета на вработените.  Банките кредитори сметаат дека тоа е уште еден обид за одолговлекување на реорганизацијата на комбинатот.

Вчера Бугарската Енекод побара иземање на велешкиот суд од случајот. Компанијата си даде дополнителен рок од 15 дена за да даде нова понуда до трите банки доверители – Комерцијална, Стопанска и Силк Роуд Банката. 
Членовите на синдикатот во Фени вчера беа присутни во Велес и со нетрпение чекаа да се реши судбината на компанијата од која го вадат лебот.  Тие пред четри дена го ставија протестот во мирување. Велат дека ќе почекаат да видат што ќе се случи со барањето за отворање стечајна постапка. Немаат надеж дека набрзо ќе примат плата за октомври.

Вработените во изминатиот период протестираа пред филијалите на трите банки најголеми доверители и го блокираа патот Росоман-Прилеп. Побараа платите да им се исплаќаат во целост и до продажбата на фабриката сите да имаат статус вработени во комбинатот.