Македонија

Професори и научни работници контра законот за јазиците

Професори и научни работици реагираат на предлог законот за употреба на јазиците, бараат ист третман за сите етнички заедници, а не да биде опфатена само една, односно да се регулира употребата на албанскиот јазик.

14.11.2017 19:05:50
 Професори и  научни работици реагираат на предлог законот за употреба на јазиците, бараат ист третман за сите етнички заедници, а не да биде опфатена само една, односно да се регулира  употребата на албанскиот јазик  и онаму каде нема припадници од заедницата, а за другите да нема бенефит. Очекуваат дека преку амандмани ќе има измени.

- Почитувањето на употребата на јазиците  треба да биде еднакво за сите граѓани на Македонија , со законот за јазиците треба да се внимава...рече Изита Бабачич, одделенски наставник  во подрачно О.У. Дитурија во с.Љубин 

-Законот кој сега ни е понуден  во најголем дел го регулира пред се на албанскиот јазик во однос на другите заедници  немаме поместувања што би значело поголема  употреба на босанскиот или турскиот јазик,  ромскиот . Ова е прво читање се надевам  во понатамошната процедура  со амандмани ќе гледаме во делови да има интервенции,  да се унапреди употребата на јазиците на помалите етнички заедници, изјави Зекир Рамчиловиќ, универзитетски професор.
Додека за една заедница  се носат повеќе права, граѓаните од босанската заедница  велат дека  во училиштата каде има настава на босански јазик, а тоа се само три,  освен стручен кадар, фалат учебници на мајчин јазик.  
 
-Сите услови кои ни беа потребни во настава беа оскудни дури , не постоеја основните наставни помагала учебниците обуката на наставниот кадар кои би може да работат со ученици. Оправдувањата се однесуваа  недостигот на наставниот кадар додаде Бабич.

На отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ , на  трибина „Јазиците на Балканот: босански јазик - состојби и перспективи“   договорено да има ден посветен на босанскиот јазик  со цел зближување двата института  и актуелизирање на проблемот со примена на босанскиот јазик.

Вероника Мароска Леова