Македонија

Дијабетичарите бараат редовна и квалитетна терапија

Годинава во фокусот на лекарите се младите жени и нивното репродуктивно здравје.

14.11.2017 15:20:02
Проблем со терапијата и за дијабетичарите. Последните неколку месеци пациентите со дијабет се жалеа дека инсулинот доцни, а тие морале да се снаоѓаат позајмувајќи едни од други. Спорен бил и квалитетот, поради што дел од нив развиле проблеми со здравјето. Апелираат до надлежните да се редефинира законот за паралелен увоз на лекови и да се обезбеди поквалитетна терапија за болните. 

За заменик министерот Чакаровски доцнењето на инсулинот било поради пречки во транспортот. Ги обвини новинарите оти ширеле дезинформации за неквалитетна терапија.  

Специјалистите согласни – само здрав начин на исхрана и редовно спортување може да ја превенира болеста. Годинава во фокусот на лекарите се младите жени и нивното репродуктивно здравје. 

Во Македонија над 190.000 пациенти живеат со дијабетес. Од нив, 40.000 примаат инсулинска терапија, а останатите глукозата ја регулираат со апчиња. Алармантни се податоците дека бројот на пациенти од година во година расте. Меѓу ново дијагностицираните по двајца пациенти месечно се мали деца, велат надлежните. 

Биљана Божиновска