Сцена

Се снима ТВ серија заснована на „Господар на прстените“

Компанијата Амазон ги откупи правата за снимање на серијата „Господар на прстените", којашто ќе се емитува на нивниот стриминг сервис „Прајм Видео".

14.11.2017 11:43:25

Компанијата Амазон ги откупи правата за снимање на серијата „Господар на прстените", којашто ќе се емитува на нивниот стриминг сервис „Прајм Видео".

Имено, приказната ќе биде околу тоа што се случувало пред онаа во „Дружината на Прстенот", како што гласи првиот дел од трилогијата на Џ.Р.Р. Толкин. Ворнер според гласините, за тоа преговарал и со Нетфликс и со ХБО, но правата на крај му припаднале на Амазон. Во преговорите наводно, лично бил вклучен и директорот на Амазон, Деф Безос.

„Господар на прстените" е едно од најпопуларните и најзначајните книжевни дела на жанрот епска фантастика.

Околу 2000-та година, новозеландскиот режисер Питер Џексон ја преточи тогаш веќе светски популарната епска авантура, во три филма, кои постигнаа огромен успех и кај публиката и кај критиката, а третиот дел - „Враќањето на кралот" - на Оскарите во 2003. победи во сите 11 категории во коишто беше номиниран.