Свет

Најмалку четири лица загинаа во самоубиствен напад во Јемен

Најмалку четири лица загинаа, а неколкумина се повредени во самоубиствен напад во јеменскиот град Аден, изјавија очевидци.

14.11.2017 11:42:02

Најмалку четири лица загинаа, а неколкумина се повредени во самоубиствен напад во јеменскиот град Аден, изјавија очевидци.

Бомбашот самоубиец го активирал експлозивот во автомобил пред камп во Аден, кој го користат јеменските безбедносни сили.

Кампот е познат како Безбедносен појас и се наоѓа во дистриктот Мансура.