Балкан

Марфи: На Балканот е постигнат голем успех

На Балканот е постигнат голем напредок, но сѐ уште има предизвици во форма на корупција, поради што Европската унија е одржлив пат кон иднината, порача сенаторот од редовите на демократите Крис Марфи.

14.11.2017 11:40:23

- Има огромен напредок на Балканот и ова е приказна што треба да продолжи, но сé уште има предизвици. Тоа е борбата против корупцијата во регионот, поради која би требало јасно да ставиме до знаење дека Европската унија е и натаму е одржлив пат за иднината, затоа што интеграцијата е една од работите што ги поттикнува реформите кога станува збор за корупцијата , изјави Марфи.

Тој, на Трансатлантскиот економски форум оцени дека расте влијанието на Русија во регионот.

- Руското влијание во регионот расте. Вложуваат повеќе пари во невладините организации, се обидуваат да купат медиуми за да ја зборуваат својата приказна, рече тој.

Марфи вели дека САД „конечно Стејт департментот започнаа операции за спротивставување на пропагандата", но истакна дека сè уште заостануваат, особено на Балканот.