Свет

Џејмс Матис: САД ќе се борат против ИД во Сирија се додека групата сака да се бори

Американската армија ќе се бори против ИД се додека групата сака да се бори, изјави министерот за одбрана на САД Џејмс Матис.

14.11.2017 11:31:14

Американската армија ќе се бори против ИД се додека групата сака да се бори, изјави министерот за одбрана на САД Џејмс Матис.

Во моментот САД и Русија даваат поддршка на силите кои се борат за преземање територии што се под контрола на ИД. Матис додаде дека долгорочна цел на американската армија е да не дозволи ИД да се врати во упориштата откако загуби територии што ги имаше под контрола.

– Непријателот сѐ уште не објавил дека завршил со регионот, така што ние ќе се бориме со нив се додека тие сакаат да се борат, изјави Матис.

– Нема да се повлечеме сега пред да има напредок за Женевскиот процес, потенцира Матис.

Според него, југозападната зона за деескалација работи и изрази надеж дека во иднина ќе има нови зони во кои ќе може да се враќаат бегалците.