Култура

Меѓународна ликовна изложба за деца и младинци „13 Ноември“

Традиционалната меѓународна ликовна изложба за деца и младинци „13 Ноември“ денеска ќе биде отворена во детската библиотеката „Другарче“.

14.11.2017 11:30:01

Традиционалната меѓународна ликовна изложба за деца и младинци „13 Ноември“ денеска ќе биде отворена во детската библиотеката „Другарче“. 

Во изложбениот простор-галерија и во холот на објектот ќе бидат изложени вкупно 350 ликовни творби, кои посетителите ќе можат да ги погледнат до 21 ноември годинава. 

Генерален покровител е Град Скопје, а организатори се Детскиот ликовен центар и Градското здружение на ликовните педагози од Скопје.

Во кино-салата на Кинотека на Македонија ќе бидат доделени околу 200 сертификати за сите возрасни категории: дипломи, благодарници и каталози за гостите-учесници од Бугарија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и за најуспешните учесници од Република Македонија, на возраст од четири до 22 години.

Оваа изложба е во рамки на одбележувањето на 13 Номеври - Денот на ослободувањето на Скопје.