Македонија

Српските планинари кои се загубија на Шар Планина, заминаа дома побогати за уште едно искуство

Српските планинари кои се загубија на Шар Планина, лутајќи да го најдат домот на Љуботен, се добри.

13.11.2017 15:46:33
Српските планинари кои се загубија на Шар Планина, лутајќи да го најдат домот на Љуботен, се добри. Заминаа дома побогати за уште едно искуство, свесни-како што самите рекоа, дека не смеат да ја потценуваат планината која знае да биде сурова и безмилосна. Своето патешествие го споделија со нас.

Изгубени бевме 10 часа,падна магла,а џипиесот не ни покажуваше. Сите сме добри,му благодарам на македонскиот народ и на овие планинари кои не спасија.Никогаш немаше да се снајдеме без нив.
 Премногу бевме самоуверени,секоја чест на планинарите од Македонија што ни помогнаа,не спасија во последен миг. Не се исплашивме многу, но водени сме,ицрпени ,18 часа бевме надвор, тоа е премногу.

Македонските планинари и покрај лошото време,несебично тргнаа да ги бараат. После 5 часа, сите заедно се симнаа во домовите на Љуботен. 

 Се движевме низ место каде што нема патеки високи смреки,висока трева и ние одеме каде што ќе најдеме некој знак, каде што ќе испаднеме на некоја чистина за да можеме полесно да ги лоцираме.Така да,ако беа повеќе време во планина ќе прежиевееја до сабајле но ќе беа со последици - Изјава Тодорче Ѓорѓиев-планинар.
По нивни насочувања се движеле и тотално се изгубиле во сосема планина,не на оваа - Изјава Зоран Дуков-планинар.
Се дигна маглата и ги видовме ламбите- Изјава Кире Димов-планинар.
Ги лоциравме каде се, се поделивме,направиме план како до нив отидовме до нив и успеавме.Колку често можат да се случат вакви ситуации доколку се преценат планинарите ? Чести се поготово од вакви планинари што све знаат ја потценуваат планината времето и до вакви ситуации доаѓа - Изјава Ромео Ристески-планинар.

После неколку часа, планинарите успаа телефонски да стапат во контакт со водичот на српската група.
Од првото јавување на Миланка јас знаев каде се, само што ми ги кажа првите детали јас знаев каде се наоѓаат - 
Изјава Васе Видоески-планинар.

Цело време знаевме каде сме, но не успеавме да дојдеме до домот затоа што не постоеше никаква патека.За жал за да скратиме тргавме по таа. Подобро да одеме по маркирана патека и се ќе беше во ред - Изјава Миланка Арсиќ –водич на групата.

Инаку,српските планинари од тетовското село Беловиште тргнале кон врвот Пирибег кој се наоѓа на 2524 метри н.в, со цел да се симнат во домовите на Љуботен,да се одморат и да учествуваат на традиционалата планинарска тура на Љуботен.


Росица Голабоска