Култура

``Крвави свадби`` од Лорка, премиерно во Битола

По тој повод, утре премиерно ќе бида изведена пиесата ``Крвави свадби`` од шпанскиот писател Федерико Гарсија Лорка, кој на битолската сцена бил игран со неколку пиеси во повеќе наврати.

13.11.2017 17:53:06
Битолскиот народен театар утре го одбележува седумдесет и третиот роденден, кога во мугрите на слободата во далечната 1944 година, на 14 ноември за прв пат во новата држава, на театарската сцена во Битола беше изговорен македонскиот збор. По тој повод, утре премиерно ќе бида изведена пиесата ``Крвави свадби`` од шпанскиот писател Федерико Гарсија Лорка, кој на битолската сцена бил игран со неколку пиеси во повеќе наврати.

-Разговарајќи како што подостоинствено да го приославиме роденденот на нашиот театар, дојдовме до идеа дека можеби можеме да направиме претстава за еден толку краток период од триесет дена- рече Илина Чоревска, уметнички директор на Битолскиот народен театар. 

– Оваа пиеса се занимава со слободата на личноста, наспроти општествените стеги. И колку може да промени од тие општествени околности, сепак ќе видиме дека во пиесата тоа малку тешко оди- рече режисерот Љупчо Ѓоргиевски.

Ова е ансамбл- претстава е  преточена во денешницата и естетски е лишена од дескриптивно- наративни составки, беше речено на денешниот прес. Играат единаесет битолски актери, а на сцената ја постави режисерот Љупчо Ѓоргиевски.



Петар Стефановски