Македонија

Владата ќе одлучува дали ќе се отстрануваат споменици од „Скопје 2014“

Спомениците на Андон Јанев Ќосето пред комплексот судови, споменикот на Мајка Тереза и Воинот на коњ од плоштадот Македонија, ќе бидат дислоцирани.

13.11.2017 17:22:19
Спомениците на Андон Јанев Ќосето пред комплексот судови, споменикот на Мајка Тереза и Воинот на коњ од плоштадот Македонија, ќе бидат дислоцирани. Елаборатите се готови, се чекаат само надлежните институции да реагираат, потврди министерот за култура Роберт Алаѓозовски. Според него ова не требало помпезно да се најавува туку да не му се придава значење, на како што рече проект кој треба да биде изолиран. 

За ресорниот министер културното наследство не е соодветно третирано во минатото, па новата постава во министерството работи на вистинска заштита на историјата. Според Алаѓозовски, Скопје 2014 е проект кој не треба понатаму да се одвива и да влече финансиски средства. Обвинува дека проектот имал низа недоследности, а биле и прекршени законски процедури. 
Дека се подготвува терен за дислокација на спомениците, уште пред две недели за Алфа потврди и професорот Мирослав Грчев , кој е претседател на работната група која работи на изработка на елаборатите. Според Грчев за поставувањето на спомениците требало да се гласа во собрание,и тоа со бадинтер. Комисијата со која раководи не само што утврдила незаконски процедури во градбата, узурпација на јавни површини, туку дел од спомениците  предизвикувале и проблем од меѓународен карактер.

Алфа ексклузивно го објави и списокот на грчки барања кои земјава треба да ги исполни, помеѓу кои и ова за уривање или дислокација на споменици, промена на името на Аеродоромот. Предвидени дури биле и казни доколку се користи и сонцето на Кутлеш. 

Ивана Соколовиќ Најдова 
 

Vladata ke odlucuva dali ke se ostranat spomenicite "Skopje 2014"

Од: Hristo Neshkovski

Време: 14.11.2017 10:02:23

Коментар: Najprvo,da najprvo treba da se zemat vo odgovornos onie drzavni elementi koi pod dejstvo na nadvoreshnite instrukori se osmelile da go prodadat Makedonizmot za edna raka zoltici!Ova beshe denes diskutirano na kafegiite vo Kogarah koi se zavetija da nema da ja posetuvaat Republika Makedonija ako se ostrani i edna edinka od 2014godina vo skopje ili ostanatite gradovi!Tuka bea prisutni Hristo,Pere,Zdravko Dushan,Orde i Stefan,diskusijata beshe za nacinot na koj se zastrashuva mirnoto Makedonsko naselenie od koga so sila ja zedoja vlasta vo nivni race!Najprvo vo sobranieto na 27april koga albanski pratenik ja peesha himnata na Albanija a pratenicite na SDSM ne reagiraa na toa i se razbira i VMRO ovcite bea pasivni,razil od edna vlada na drzava!Sekako beshe potrebno da se otkazat uslugite na nekolku ambasadori vo drzavata koi i den denes se mreshaat vo vnatreshnite raboti na drzavata Makedonija!Za sho se osuduvaat lugeto koi na toj den vlagoja vo Sobranieto na drzavata za da ja spasat cesta na neviniot Makedonec koj beshe p[odlozen na ponizuvanje!Se na se se prigotvuva osuda na postapkite koi gi sproveduva SDSM i 17 albanski pratenici protiv 54pratenici!Kakvi sudski procesi se montiraat za lugeto koi rabotea cesno so srce i cest za Makedonija.Podrshka za segashnata vlada nema nikakva kaj nas vo Dijasporata!Blagodaram.