Спорт

Нови победи за Хјустон и Голден Стејт

Хјустон продолжува со одличните настапи и со победата над Индијана од 118:95 го запиша шестиот триумф во низа. Одново до победата ги предводеше Џејмс Хареден со 26 поени и 15 асистенции.

13.11.2017 13:03:23
Ерик Гордон додаде 21 поен и Клинт Капела 20 поени и 17 скока под обрачите.
Кај Индијана најголем отпор пружи Виктор Оладипо со 28 поени.

Во борбата за првата позиција на Западот, чекор одржува Голден Стејт кои како и Хјустон стигнаа до шестата победа по ред.

Гостувањето на Далас не беше преголем проблем за Тандер да забележат триумф од 112:99 во кој најрасположен за игра беше Пол Џорџ со 37 поени.
Кај Далас Харисон Барнс уфрли 22 поени на кои додаде и 12 скока.

На средбите кои стартува вчера во доцниот термин, Бостон со 95:94 триумфираше над Торонто, победа со која Селтик ја запишаа 12-ата победа ви низа и Детроит со 112:103 го победи Мајами.