Спорт

Штербик меѓу најдобрите одбрани, Илиќ кај погодоците

Во изборот на ЕХФ по комплетирањето на 7.коло во Лигата на шампиони, место меѓу најдобрите пет за Штербик и Илиќ.

13.11.2017 13:01:47
Со серијата победи продолжи и машкиот црвено црн состав, а на дуелот со Загреб кој Европскиот шампион го доби со 29:23, на голот одново блескаше Арпад Штербик со 17 одбрани, а со двојната одбрана против Хрватскиот состав се најде на третото место во изборот на ЕХФ.

И покрај поразот од Монпејле, место меѓу петте најдобри погодоци на седмата рунда, сосема заслужено, најде и погодокот на ракометарот на Металург Вања Илиќ.

Асистенцијата на Александар Гуглета и летечкиот гол на Илиќ е на петтото место во изборот.