Спорт
Пенезиќ меѓу трите ѕвезди и со еден од најубавите погодоци
Ракометарката на Вардар, Андреа Пенезиќ, се најде во изборот на трите ѕвезди на Европската ракометна асоцијација.
Признанието доаѓа по одличниот настап на Пенезиќ на дуелот со ФТЦ на кој со девет погодоци придонесе за триумфот од 29:28 со кој Вардар остана непоразен и со максимален учинок во групната фаза.
Еден од головите е избран и во петте најубави за петтата рунда.