Спорт

Милевски: Победа за самодоверба и приклучок кон врвот

Во вторник настапува и нашата репрезентација до 21 година која се среќава во Австрија во продолжението од квалификациите за место на континенталниот собир во Италија.

13.11.2017 12:59:12
По дебаклот од Гибралтар, селекторот Благоја Милевски со неколку новитети во тимот ќе се обиде да ја врати самодовербата на составот, за што најдобар начин ќе биде победа над Австријците.

„Не очекува еден тежок натпревар. Австрија е квалитетна екипа но мислам дека ние ќе го покажеме својот квалитет и потенцијал. Како ќе се одвива натпреварот ќе зависи од тоа како ние ќе се покажеме на теренот. Во селекцијата се враќа и Елиф Елмас кој беше со тимот од самиот старт на подготовките.“ -изјави селекторот Благоја Милевски.


Овој натпревар се игра на Националната арена „Филип Втори“ со почеток од 13:00 часот