Црна хроника

Разбојништво врз двајца малолетници во центарот на Скопје

Две непознати лица вчера извршиле разбојништво врз двајца малолетници од Скопје во центарот на градот.

12.11.2017 13:20:05

Две непознати лица вчера извршиле разбојништво врз двајца малолетници од Скопје во центарот на градот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа околу 18.00 часот во Скопје на ул.“Димитрија Чуповски“, две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво врз  двајца малолетници М.Т. и  Н. М. од Скопје, одземајќи им околу 1200 денари, а потоа со трчање се упатиле кон плоштад “Македонија“.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.