Економија

Поголем развој на локалната економија, за да се спречи иселувањето од Македонија

Без развој на локаната економија тешко дека ќе може да се спречи иселувањето на младите, чии мотиви се исклучиво економски.

11.11.2017 16:57:46
Без развој на локаната економија тешко дека ќе може да се спречи иселувањето на младите, чии мотиви се исклучиво економски.  

Општините мора да го подобрат деловниот амбиент, од една страна помагајќи им на младите ,а од друга страна и на претпријатијата да наоѓаат квалификуван кадар. 

За таа цел Македонија и Грција,кои го делат истите проблеми, 6 години работеа на заеднички проект финансиран од програмата на ИПА за прекугранична соработка. Крајниот бенефит од реализацијата на овој проект ќе бидат реални вработувања особено за младите во нашиот град.Во периодот кој следи ќе се изврши вмрежување на оние компаниите кои нудат работни места, а ќе се направи и регистар на лицата кои што бараат работа.Посточеките претпријатија во моментов се соочуваат со изнаоѓање на квалификуван работен кадар.

Евиденто е дека најголемиот проблем за охридските компании е тоа што многу тешко се наоѓа квалитетна работна сила, односно клалификуван кадар за областа за која што се бара, а од друга страна невработените исто така бараат начин како да дојдат до можност да работат во областа која што ја завршиле, изјави Ѓоко Апостолов.

Проектот предвидува и обука на невработените,за  да бидат поконкурентни на пазарот на трудот.Треба да се следат,велат од општина Охрид, европските искуства кои на ваков начин придонесле за подобрување на економската состојба или намалување на невработеноста, затоа се овие прекугранични проекти.

Главните цели кои што се зацртани во овој проект ќе бидат: да се обучат што поголем број на млади лица, да научат да подготвуваат свои бизнис планови, да најдат нов начин како да пристапат до компаниите и на тој начин да најдат вработување, изјави Теодосис Хаѕиоанидис –проект менаџер од Грција.

Следејќи ги европските искуства, општините ќе треба да вложуваат и во образованието,преку креирање на програми уште во фаза на образовниот процес да се регрутираат квалификувани кадри кои ќе се пласираат и најдат соодветно вработување.Така Охрид ќе биде пристојно место за живеење на младите.Се додека нема доволно добар амбиент за работа,развој,прогрес, секогаш ќе се соочуваме со иселување на младите.



Росица Голабоска