Економија

Македонската економија во рецесија – проекциите за БДП од 3,2% се преоптимистички

Цените ќе се зголемат, инфлацијата ќе расте, а најголем удар ќе претрпат транспортерите.

11.11.2017 16:59:42
Македонската економија е во длабока криза. Буџетот за следната година, кој се очекуваше да ја придвижи економијата ги извиси и транспортерите и земјоделците и градежниците. Од бизнис заедницата скептични – велат неизвесно е дали приходните и расходните проекции на Владата предвидени за следната година ќе можат 100 процентно да се реализираат после една тешка година како што е 2017-та. Преоптимистички е во 2018 година да се очекува раст на економијата за 3,2 отсто, бидејќи Македонија веќе е на прагот на рецесија. 

Најавениот раст на акцизата од 3 отсто директно ќе удри врз грбот на граѓаните, вели Битиќи. Цените ќе се зголемат, инфлацијата ќе расте, а најголем удар ќе претрпат транспортерите, кои поради намален профит најверојатно ќе треба да отпуштаат работници. 

Економистите и бизнисмените со препорака до Владата – во процесот на креирање на буџетот потребна е поголема застапеност на сите засегнати страни, нешто што оваа година иако беше најавено не се реализираше. Иако изминативе денови даваа предлози и ги понудија своите барања, ниту едно не беше вклучено во буџетот. 

Инаку, Европската комисија вчера предвиде дека годинава растот на економијата ќе биде 1,7 отсто, а догодина 2,7 проценти..

Биљана Божиновска