Економија

T Mobile го отвори првиот еколошки салон

Македонија е првата земја во која групацијата Дојче Телеком отвори продажен салон со нов еколошки концепт.

10.11.2017 21:20:25
Македонија е првата земја во која групацијата Дојче Телеком отвори продажен салон со нов еколошки концепт.
Еден ден пред официјално да почне со работа, Македонски телеком го претстави новиот еколошки продажен салон кој се наоѓа во скопски Сити Мол.
 Овој салон е идентичен како најдобрите продажни салони на Дојче телеком низ светот и е прв ваков во Македонија. Освен вообичаените содржини за ваков салон, тој има и една еколошка новина. 
Има поставено еко ѕидови со живи растенија кои треба да го филтрираат воздухот во просторијата и со тоа да придонесат за поголемо и поздраво уживање во можностите на продажниот салон. Салонот за јавноста ќе биде отворен утре, 11 ноември.