Економија

Продолжува лошиот тренд во градежнитвото

Градежништвото стагнира. За 25,3 % е намален бројот на издадени одобренија за градење во септември годинава, во однос на истиот месец минатата година, што практично значи дека сега се гради помалку, отколку што се градеше претходно.

10.11.2017 14:43:40

 Градежништвото стагнира. За 25,3 % е намален бројот на издадени одобренија за градење во септември годинава, во однос на истиот месец минатата година, што практично значи дека сега се гради помалку, отколку што се градеше претходно. 

 Последните податоци на Заводот за статистика покажуваат дека се одобрени 222 градежни дозволи. Предвидената вредност на објектите изнесува над 58 милиони евра, што е за околу 30 % помала во споредба со истиот период лани. 

 Ваквите негативни показатели најверојатно ќе придонесат за дополнителен пад на градежниот сектор, кој изминатиов период постојано оди надоле. Ова особено се должи на одлуката на Владата да ги стопира клучните инфраструктурни проекти кои претходната влада на ВМРо-ДПМНЕ ги стартуваше. Беше прекината градбата на автопатите Кичево -Охрид, експресниот пат Градско-Прилеп и забавувањето со реализација на патот Скопје- Штип.

 Идниот период најмногу ќе се градат згради и ќе се реконструираат објекти. Предвидена е изградба на 665 станови. Најмалку пак ќе се градат патишта, мостови, тунели...Податоците на Статистика покажуваат дека за нискоградба се издадени само 18 одобренија за градење. 

 Од вкупно издадените одобренија, на 162 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 60 објекти, инвеститори се фирми.