Спорт

Белгија следниот предизвик за малдите фудбалери

Во сабота нов предизвик ја очекува и нашата фудбалска селекција до 19 години.

10.11.2017 13:13:31
Победата над Швајцарија на воведниот натпревар во квалификациите за Европското првенство ќе одигра голема улога за шансите за место во елитната група, за момците под раководство на Вујадин Станојковиќ но евентуална победа и над Белгија ќе ни го загарантира напредокот во следната фаза.

Средбата се игра утре на тренинг центарот Петар Милошевски со почеток од 13:00 часот.