Спорт

Одличен старт за фудбалерите до 19г. -триумф над Швајцарија

Одличен старт за фудбалската репрезентација до 19 години во квалификациите за настапна Европскиот шампионат, откако младите надежи попладнево со 2:1 триумфираа над фаворизираната Швајцарија.

08.11.2017 18:46:53
Дуелот на тренинг центарот Петар Милошевски не стартуваше најдобро за избраниците на Вујадин Станојковиќ кои во првите 45 минути не успеваа да се снајдат најдобро со налетите на Швајцарците за што и беа казнети со погодокот на Филип Угриниќ во 33 минута.

Работите драстично се променија по паузата меѓу полувремињата, а решителноста на младите фудбалери да го покажат својот квалитет беше наградена во 56 минута кога Филип Трајановски го постигна погодокот за израмнување на резултатот.

Само пет минути подоцна Јани Атанасов биеше прецизно од белата точка за пресврт и водство од 2:1, откако Дарко Чурлинов беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник. 

Во квалификациската група 5, на која сме домаќини Белгија со 3:0 го победи Лихтенштајн, а токму Беглиците се нашиот следен противник, средба која ќе се одигра на 11 ноември.