Црна хроника

Во Јанушев пукало едно лице, МВР го бара убиецот

Полицијата го знае идентитетот на убиецот на Мартин Јанушев, кој во петокот доцна попладнето беше застрелан пред зградата во која живееше.

08.11.2017 16:32:23
Полицијата го знае идентитетот на убиецот на Мартин Јанушев, кој во петокот доцна попладнето беше застрелан пред зградата во која живееше. Истрагата оди во насока дека најверојатно мотивот за свирепиот злостор е лични недоразбирања  на  извршителот и неговата жртва. На денешниот брифинг со новинарите министерот Спасовски не сакаше да открива детали за случајот за да не се наруши текот на истрагата. 

МВР уште истата вечер обезбедиле снимки од безбедносните камери на околните објекти како и од камерите по булеварите, но убиецот се уште е недостапен на органите за прогон. 

За свирепото убиство, полицијата сослушала 35 лица за кои постоел сомнеж дека може да и помогнат на МВР во расчистувањето на злосторот. Министерот не сакаше да открие дали бегалецот од затворот Идризово кои некои медиуми го поврзуваа со ликвидацијата на Мартин Јанушев има каква била вмешаност во случајот. Спасовски  посочи дека МВР ги проверува и наодите дека наводниот сопственик на фантомската агенција за обезбедување Омерта има некаква врска со убиството. 

Мартин Јанушев беше застрелан во петокот доцна попладнето, на улицата Владимир Комаров пред влезот од зградата во која живееше, во скопски Аеродром. Убиецот налик на професионалец стрелаше во главата и вратот на 28 годишникот и го ликвидира со  5 куршуми.

 Катерина Гетева