Живот и стил

Во Канада отворен ресторан раководен од ХИВ позитивни лица

Група гурмани од канадскиот град Торонто отворија привремен ресторан во кој работат ХИВ-позитивни лица.

08.11.2017 11:30:12

Група гурмани од канадскиот град Торонто отворија привремен ресторан во кој работат ХИВ-позитивни лица.

Целта на ваквата идеја е да се урне митот и верувањата дека вирусот се пренесува преку храна.

Ресторанот е отворен вчера, а готвачот е лице заразено со ХИВ. Вработените носат престилки со натписи „Бакни го ХИВ-позитивниот готвач" и саркастичната шега „Добив ХИВ од тестенини".

Идејата да се отвори таков ресторан потекна од минатомесечното истражување, според кое, половина од испитаниците изјавиле дека би конзумирале храна приготвена од некој што е заразен од ХИВ.

Влезниците за тој привремен ресторан се продадени за помалку од две недели.

- Сакаме да направиме нешто вакво и во Њујорк, Сан Франциско, Лондон, изјави еден од сопствениците на ресторанот.