Црна хроника

Полицијата трага по возачот кој усмрти пешак во Штипско

Нова жртва на патиштата во источниот дел од државата. Полицијата се уште работи на утврдување на идентитетот на жртвата, како и на сторителот на делото кој наместо да помогне, избегал во непознат правец.

06.11.2017 18:02:15
 Нова жртва на патиштата во источниот дел од државата. Полицијата се уште работи на утврдување на идентитетот на жртвата, како и на сторителот на делото кој наместо да помогне, избегал во непознат правец. Сообраќајката се случи синоќа околу 21 часот, во близина на царинскиот терминал на излезот од Штип кон Кочани. 

Од почетокот на годината до сега ова е 30 -та жртва, наспроти лани кога полициската статистика регистрираше 15жртви. 
   
За да се подобри безбедноста на патиштата, но и да се намали бројот на жртви полицијата најавува засилени акциски контроли. Според анализите алкохолот и брзото возење се најчести причини кои доведуваат до сообраќајни незгоди.

Денес полицијата уште еднаш ги мапираше црните точки во источниот дел од државата. Најкритични делници каде што возачите треба да внимаваат се Штип-Велес кај селата Кадрифаково и Каратманово и Штип-Радовиш кај Пилавтепе и кај раскрсницата кон Неготино.


Александра Ристевска