Спорт

Јубилејна пол позиција за Фетел

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел трката за Големата награда на Мексико ќе ја почне од првата стартна позиција.

29.10.2017 12:52:39
Фетел во квалификациите имаше најдобар резултат и за 86 илјадити дела од секундата беше побрз од возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, забележувајќи ја јубилејната 50-та пол позиција во кариерата.

Двоецот на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас трката ќе ја почнат од вториот ред додека во третиот се наоѓаат Кими Раиконен и Естебан Очоа.

Иако на тренинзите беше меѓу најдобрите Даниел Рикиардо на Ред Бул во квалификациите постигна седмо најдобро време и заедно со Нико Хулкенберг на Рено ќе стартува од четвртиот ред.

Во петтиот се Карлос Саинз на Рено и Серхио Перез од Форс Индија.