Спорт

Доминација на Ред Бул на слободните тренинзи

На два од трите слободни тренинзи во пресрет на трката за Големата награда на Мексико доминација на возачите на Ред Бул.

28.10.2017 18:25:48
На првиот тренинг најдобар беше возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, а веднаш зад него е неговиот тимски колега Луис Хамилтон. Двоецот на Ред Бул Макс Ферстапен и Даниел Рикиардо беше зад возачите на Мерцедес, а следуваа Себастијан Фетел и Кими Раиконен од Ферари.

На вториот тренинг најбрз беше Рикаирдо кој за една десетинка имаше подобро време од Хамилтон, а трет е Фестапен
.
Токму Холанѓанецот имаше најдобро постигнување на тренингот пред вечерашните квалификации и борбата за што е можно подобра стартна позиција. Ферстапен за 7 стотинки имаше подобро време од Хамилтон, а третата позиција му припадна на Фетел.

Вечерва од 20 часот на програмата се квалификациите, а од 21 часот в недела ќе се одржи трката за Големата награда на Мексико.