Економија

Криптовалутите добиваат на популарност - експертите предупредуваат

Се поголем е бројот на луѓе во светот кои се надеваат да брза заработка преку тргување со криптовалути како Биткоин, Онекоин, Етер и други.

28.10.2017 17:41:48
Се поголем е бројот на луѓе во светот кои се надеваат да брза заработка преку тргување со  криптовалути како Биткоин, Онекоин, Етер и други. Наместо физичка и интелектуална работа, се чека на „компјутерските процесори“ преку обработка на информации да ги „ископаат“ биткоините за подоцна тие да се трансферираат во реални пари. Не е мал бројот ниту на Македонците кои се одлучуваат на овој начин да дојдат до пари. Во регионот, една словенечка банка се обидува да направи финансиска револуција со тоа што овозможува преку нејзините банкомати да се претвораат и подигнуваат биткоините во евра. Сепак, аналитичарите сметаат дека за виртуелните валути да станат дел од реалниот свет неопходно е властите во секоја земја да поработат на законска рамка со која колку толку ќе се регулира ваквото тргување.

Се поголем е бројот на компании кои овозможуваат плаќање со биткоини на нивните производи преку интернет продавници. Некои аналитичари се оптимисти дека малите трговски дуќани, бутици, кафеани и други помали фирми треба да се охрабрат да прифатат наплата во биткоини. Дури сметаат дека тоа е добар начин за собирање на почетни средства за старт на нов бизнис.

За голем дел од експертите, тргувањето со виртуелни валути е несигурно, бидејќи не е регулирано од централните банки. Додека неговите поддржувачи се фалат дека на овој начин се елиминираат банките од трансакциите бидејќи нема провизии и други трошоци, други сметаат дека се работи за вештачки балон кој кога  тогаш ќе пукне, а луѓето кои тргувале ќе останат со празни раце. Сметаат дека виртуелните валути се најголема финансиска измама во последниов период.

Народната Банка во повеќе наврати напомена дека во Македонија тргувањето со биткоини е нелегално, во спротивно предвидени се огромни глоби. Европската Унија, пак, бара начин да го доведе во ред ваквото тргување бидејќи стравува дека на ваков начин се перат големи количини на пари и се финансира тероризмот. Во меѓувреме проценките се дека биткоинот ќе достигне вредност до 10 илјади долари на стартот на 2018-та, а Русија најави дека ќе формира виртуелна валута „Крипто рубља“. Рускиот претседател Путин истакна дека валутата ќе биде контролирана од државата, нема да биде дозволено нејзино копање на интернет и најважно од се ќе се одданочува.

Тања Попова
 

OneCoin

Од: Bojan

Време: 29.10.2017 16:21:35

Коментар: Ke vidime dali ke uspee OneCoin kako kriptovaluta neka izleze na berza 08.10.2018 na berza , pa ke pravime muabet za toa koj sto misli i dali e vo pravo.

Like!

Од: Salazar

Време: 29.10.2017 10:36:11

Коментар: Dobro e shto poskoro nasata vlada da gi prifati i legalizira, za da bideme prvi na Balkanot. Koj ke bide prv-ke bide pomine najdobro. Idninata na bankarskiot i finansiskiot sistem e tamu. Ne se soglasuvam deka e brza zarabotka. Potrebno e znaenje i investiranje kako i za sekoj drug biznis i nova tehnologija.

Onecoin не е криптовалута

Од: Горан

Време: 28.10.2017 20:42:35

Коментар: Onecoin не е криптовалута, ниту некогаш ќе биди. Доста ја популаризирате https://en.wikipedia.org/wiki/OneCoin