Сцена

Саудиска Арабија му даде државјанство на робот

Саудиска Арабија стана прва земја во светот што му додели државјанство на еден робот.

27.10.2017 11:57:21

Саудиска Арабија стана прва земја во светот што му додели државјанство на еден робот.

Станува збор за роботот по име Софија, кој е дизјаниран според ликот на актерката Одри Хепберн.

Новата „саудиска државјанка“ е дело на познатиот кибернетичар Дејвид Хенсон и официјално беше претставена на манифестација во Ријад. 

- Сакам да живеам и работам со луѓе. Затоа морам да изразувам емоции, за да можам подобро да ги разбирам луѓето и да изградиме меѓусебна доверба, порача Софија на собирот.