Сцена

Прв геј лик во тинејџерска серија на „Дизни“

Ликот кој го глуми Џошуа Раш, тоа ќе го соопшти во првата епизода од втората сезона, чија премиера е денеска.

27.10.2017 11:52:33

Еден од главните ликови во популарната тинејџерска серија на каналот „Дизни“, „Енди Мек", 13-годишниот Сајрус Гудмен ќе открие дека е хомосексуалец, што ќе биде прва случај на јавно декларирана хомосекуслана ориентација во една детска серија.

Ликот кој го глуми Џошуа Раш, тоа ќе го соопшти во првата епизода од втората сезона, чија премиера е денеска.

Во серијата, главниот лик, девојчето Енди, дознава дека нејзината постара сестра всушност е нејзина мајка. Во новата сезона, Сајрус се вљубува во симпатијата на Енди.

„Дизни“ соопшти, дека со тоа на својата публика сака да им испрати силна порака за потребата од вклученост на малцинствата и почитување на човечноста.