Живот и стил

Како би изгледала Октомвриска револуција ако Ленин имаше Твитер

Проектот меѓу другото, има за цел да теоретизира како би изгледала Револуцијата, доколку пред еден век луѓето би имале интернет и Твитер.

27.10.2017 11:41:59

Руска телевизиска мрежа „Раша Тудеј“ (РТ) на Твитер покрена интернет реконструкција под хаштаг #1917LIVE, посветена на Октомвриската револуција од 1917 година, од која годинава се навршуваат точно 100 години.

Проектот меѓу другото, има за цел да теоретизира како би изгледала Револуцијата, доколку пред еден век луѓето би имале интернет и Твитер.

Деновиве на таа социјална мрежа осамнаа профили на сите позначајни актери во тие револуционерни случувања - Владимир Илич Ленин, Лав Тоцки, семејството Романови, како и други значајни личности од тоа време.

Покрај обемните пишани информации, на профилите се прикачуваат и бројни автентични фотографии, видеа, како и видео-симулации.

Главниот медиум тогаш бил Руската телеграфска агенција (РОСТА).

Сето она што се случува на Твитер, „се пренесува“ и на Јутјуб каналот на РТ.