Македонија

Груевски: Видоа дека не можат да не победат со работа, па удрија на криминални избори

По свечената академија по повод денешниот празник која ВМРО – ДПМНЕ ја одржа во Штип, Претседателот на партијата и нивниот кандидат за градоначалник на општината, Илчо Захариев, беа во обиколка на градот со цел да остварат средби со локалното населе

23.10.2017 23:08:28
По свечената академија по повод денешниот празник која ВМРО – ДПМНЕ  ја одржа во Штип, Претседателот на партијата и нивниот кандидат за градоначалник на општината, Илчо Захариев, беа во обиколка на градот со цел да остварат средби со локалното население. Од населбата Три чешми Груевски, набројувајќи ја низата регистрирани изборни нерегуларности, порача дека нема да дозволат да бидат спречени, потенцирајќи дека нивната програма предвидува проекти кои се барања и идеи на самите граѓани.

На овие избори видовме дека другата страна нема сериозни проекти и програми и затоа ни говореа за воздух, ветер и магла. Видоа дека не можат да се мерат со работа со нас и удрија на криминални избори, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски .