Македонија

Заев: Сплотени и единствени можеме да испорачаме резултати за сите

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на митингот во Македонски Брод ги повика граѓаните масовно да излезат и да го поддржат кандидатот на неговата партија за градоначалник на овој град во вториот круг од локалните избори.

23.10.2017 22:57:45

- Сега кога знаеме дека наша е победата, да ја испратиме пораката на пријателство, на соживот, на единство. Кандидатот за градоначалник на СДСМ Живко Силјаноски и Советот на општината ќе им служат на сите граѓани, потенцира Заев.

Првата главна задача, според него, е Македонски Брод да се поврзе со главниот град. - Да изградиме современ регионален пат по сите стандарди, што ќе отвори сериозни перспективи за нови инвестиции, нови фабрики, нови поризводствени погони каде ќе работат младите наши генерации за достоинствени плати што ќе овозможат живот овде, дома, во Македонски Брод, потенцира Заев.