Македонија

Груевски: ВМРО се враќа на својот традиционален идентитет затоа што ВМРО и треба на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во вечерашното гостување на телевизија Алфа истакна дека партијата се враќа на традиционалниот идентитет бидејќи граѓаните на овие избори покажале дека го бараат тоа.

22.10.2017 02:54:09
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во вечерашното гостување на телевизија Алфа истакна дека партијата се враќа на традиционалниот идентитет бидејќи граѓаните на овие избори покажале дека го бараат тоа.

-Тој традиционален идентитет претставуваше силно да се биде против и влијанието на некои надворешни фактори кои се мешаа во Македнија, актуелните политики беа несоодветни во тој дел. ВМРО е важна за Македонија, за зачувување на националните и државните интереси. Мора да извлечеме поука, да направиме длабинска анализа по изборите и партијата да продолжи по оној пат по кој очекуваат најмалку 450.000 кои нѐ поддржаа, истакна Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека не е ниту срамота, ниту погрешно да се обидете да освоите други членови и симпатии, но очигледно тоа го направиле многу нагло и не многу вешто.

 

Македонија во ладната војна

Од: Иван

Време: 22.10.2017 12:14:15

Коментар: Надворешни фактори секогаш се мешале и ќе се мешаат во македонската политика, како што се мешаат во политиката на секоја мала земја. Смешно е кога партија како ДПМНЕ се мава во гради и се преправа дека може да работи независно од тие надворешни сили, демек да го заштите народот, кога ниту може тоа да го направи тоа, ниту и е гајле за народот. Приказната е проста: САД и ЕУ не сакаа авторитарен режим во Македонија кој само се преправа дека е заинтересиран за евроатлантски интеграции, додека собира поени со подгревање на етнички тензии и се заканува со дестабилизација на регионот. Груевски, како предводникот на тој авторитарен режим, сакаше да си ја задржи позицијата на моќ по секоја цена, па кога сфати дека тоа нема да биде толерирано од САД и ЕУ, реши да игра на карта „Странците ќе ни го менуваат имете, ќе ни ја федерализираат државата“ и што уште не, додека истовремено немаше проблем со мешањето на земји како Русија и Турција, кое иако секогаш било послабо, беше присутно. Да беа страните сменети и Русите да се противеа на режимот на Груевски, сигурен сум дека ќе говореше против нив. Очигледно е дека сме на периферијата не константната ладна војна меѓу САД/ЕУ и Русија и дека за земја како нашата нема прилика за изолација од таа војна. Затоа, прашањето е со кого сакаме да играме и како да извлечеме максимум за задоволување на нашите интереси. Ни една од овие сили не е особено заинтересирана за нашите интереси, но ние треба да бидеме заинтересирани за тоа со кого најблиску ни се поклопуваат тие интереси, затоа што немаме друг избор (знам, тешко е да се голтне, но тоа е реалноста). САД и ЕУ имаат многу фалични демократски системи, но барем имаат нешто од демократија. Русија веќе не се ни преправа дека е демократија и прашање е дали некогаш може да се врати на демократски пат после толку години на авторитаризам и олигархија. На Груевски му беше јасно дека нема да биде критукувам за недемократичност од Русија затоа што режимот на Путин е уште повеќе авторитарен и криминален од тој на Груевски, па затоа реши да се сврти против западот од каде што гледаше поголема закана за неговото владеење. На Русија тоа и одговараше затоа што сака да го оттргне балканот од западно влијание по секоја цена, па дури и цената да е спонзорирање на мафијаши на власт. Западот пак сака балканот да остане во нивната сфера на влијание, што значи приближување кон НАТО и ЕУ, што бара држење до одредени вредности на демократија и правда, колку и да се несовршени. Па сега ние како македонци треба да размислиме: Сакаме да соработуваме со страната која има корист од демократија и владеење на правото во Македонија или сакаме да соработуваме со страната која го поддржуваше најкриминалната и најнедемократската власт која Македонија ја има видено од своето осамостојување? Неутрална опција нема. Не сме Југославија и немаме лидер како Тито кој има вештина да балансира меѓу двете страни. Ако сакате да останема црна дупка на балканот, опкружена од ЕУ и НАТО членки кои се помалку ќе сакаат да соработуваат со нас, слободно гласајте за ДПМНЕ-то што го обликуваше Груевски. Ако сакате да имаме иднина со нашите соседи и преку тоа шанса за подобрување на нашите животи, тогаш гласајте за било кој друг. Цвеќиња за мирисање нема, но јасно е дека одредени гомна смрдат повеќе од други. Јас би си ја пробал среќата онаму каде што уште има ронка надеж за демократска иднина. Тие што мислат дека националистичко, непродуктивно лупање во гради е поважно, ризикуваат да останат сами и сиромашни на ова парче земја откако нивните деца ќе се отселат во потрага во подобар живот на Запад. Името не го давате, ама бугарски пасош уште утре ќе земете ако тоа значи дека ќе најдете подобра работа некаде во ЕУ. Фала, но таков лицемерен „патриотизам“ не ни е потребен.

Pouka

Од: Makedonec

Време: 21.10.2017 23:30:19

Коментар: Gospodine Gruevski. Vie go podignavte Makedonizmot i ja podrazbudivte svesta kaj makedoncite. Najgolemite dve greski vo vasata kariera kako Premier bea: 1. Nedostatok na lojalnost vo Vasiot kabinet duri i od vasite najbliski sorabotnici; 2. Zakonot za izvrsuvanje odnosno samite izvrsiteli. Mnogu narod propati od niv i toa onie koi ve podrzuvaa na izbori. Site tie blokiranja na smetki, naplakanje na povekekratni iznosi za dolgovi stari po edna dekada i toa neretko bez izvestuvanje na strankite itn. Koga go donesovte zakonot za otpis na dolgovi trebase da donesete celosen otpis odnosno opsta "amnestija" namesto selektivna koja sto udri po grbot na t.n. sredna klasa. Mnogu glasovi izgubivte tuka. Se nadevam deka ke go procitate komentarot