Спорт

ФОТО галерија: Антиќ меѓу најзаслужните за триумфот над Барселона

Кошаркарите на Црвена Звезда во меч од второто коло во Евролигата ја совладаа Барселона со 90:82, а нашиот Перо Антиќ беше меѓу најзаслужните за големата победа.

21.10.2017 22:19:04
Нашиот најдобар кошаркар одигра 18 минути и имаше учинок од 10 поени, девет скока и една асистенција, а секое негово влегување на теренот даваше дополнителна сигурност во играта на "црвено белите".

Антиќ е миленикот на навивачите на Црвена Звезда, а македонскиот кошаркар со секоја секунда мината на теренот тоа и го заслужува.